Фудбалерите на Ленс се победници на францускиот Суперкуп. Во борбата за првиот трофеј во сезоната во Франција, Ленс го победи Пари Сен Жермен со минимален резултат и покрај тоа што имаше еден играч помалку од 39-та минута.
Ленс ја освои првата титула во Суперкупот и тоа во вториот обид, на која чекаше од 1998 година кога загуби од Пари Сен Жермен.
Флоријан Туван го постигна единствениот гол на натпреварот во 32-та минута.
Lens derrotou o PSG e conquista a Supertaça de França pela primeira vez! 🏆 pic.twitter.com/popLpGAmvd
— B24 (@B24PT) August 16, 2026
Седум минути подоцна, Ленс остана со играч помалку откако Антонио доби директен црвен картон.
Во остатанатиот дел од натпреварот се редеа нападите на Пари Сен Жермен, но Робин Рисер, голманот на Ленс, блескаше на голот, со шест одбрани.
Foto/ EPA
