Top Sport

(Видео) Сепктакл на „Паркен“ – Копенхаген против Јунајед од 0:2 до 4:3

Foto/ EPA

Копенхаген во спектакуларен меч на „Паркен“ стадионот, го победи Манчестер јунајтед со 4:3, во четвртото коло, во А групата. Ова е втора победа на Копенхаген над Јунајтед, во 2016 година домаѓините славеа со 1:0. Од оваа група Баерн веќе ја обезбеди првата позиција и место во осминафиналето. За второто место ќе се борат Копенхаген, Галатасарај и Манчестер јунајтед.

Никој на „Паркен“ не можеше да претпостави каква драма ќе се случува на „Паркен“ по првите 30 минути. Манчестер јунајтед со головите на Хојлунд во третата и 28.минута имаше водство од 0:2.

Најава за дрматичен меч беше црвениот картон ан рашфорд во 40.минута. Напаѓалот на „црвените ѓаволи“ невнимателно со ѓон стартуваше врз зглобот на противникот.

До крајот на полувремето Копенхаген изедначи со головите на Елјунуси во 45. и Гонсалвеш во деветтата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.

Во првата половина од вториот дел Јунајтед го контролираше мечот, а во 69.минута екипата на Тен Хаг доби пенал. Бруно повторно им ја врати предноста на „црвените ѓаволи“.

Од тој момент Копенхаген тргна во нова офанзива. Два грешки, поточно лоши проценки во поставувањето на Диого Дало го однеса Јунајтед во пораз. Лерагер изедначи на 3:3 во 83.минута, а четири минути подоцна 17. годишниот Швеѓанец, Бардаџи го комплетираше пресвртот.

А грпата со 12 бода ја предводи Баерн, Копенхаген и Галатасарај имаат по четири, а Јунајтед три бода. Во наредното коло Јунајтед гостува кај Галатасарај, а Баерн ќе го пречека Копенхаген.

Scroll to Top