Top Sport

(Видео) Спектакуларниот гол на Суле ја спаси Рома од пораз во „Дерби дела капитале“

Фудбалерите на Лацио и Рома ремизираа (1:1) на „Олимпико“ во дербито на италијанската престолнина. Стрелци на натпреварот од 32. коло беа Алесио Ромањоли во 47. минута за небесносините, и Матиас Суле за „волчицата“ во 61. минута.

Двата тима со различни планови влегоа во натпреварот, Лацио сакаше да игра со топката, а Рома сакаше да го спшти темпото на играта и од дефанзивниот блок да бара можност за контранапад.

Гол на Лацио во првиот дел и тоа во раната фаза на мечот спречи Миле Свилар. Голманот на Рома брилијантно интервенираше по обидите на Алесио Ромањоли и Густав Исаксен. .

Свилар беше немоќен на стартот од вториот дел, во 47. минута, кога Ромањоли со глава погоди во центаршутот на Лука Пелегрини.

Рома потоа се разбуди, голманот Мандас го одбрани ударот на Манчини, а во 61. минута, кога Матиас Суле постигна спектакуларен гол.

Лацио беше поблиску до победа, Свилар продолжи добро да се брани, а Тијани Нослин ја пропушти последната шанса за победа во 92.минута.

Две екипи се борат за место во европските натпреварувања, Лацио е шести со 56 бодови, додека Рома е седма со два бода помалку.

Scroll to Top