Top Sport

(Видео) Севилја ја прекина губитничката серија

Севилја, конечно, по три порази на стартот на новата сезона, забележа победа, триумфирајќи над новиот прволигаш, Лас Палмас на „Рамон Санчез Писхуан“.

Трите поени ги осигура новото белгиско засилување на тимот, Белгиецот Доди Лукебакио, откако се најде на вистинско место по една ветувачка акција во 71. минута, десетина минути откако беше поништен голот на Јусеф Ен-Несири.

Севилја се наоѓа во тешка финансиска криза, со повеќе заминувања од тимот во текот на летото, но и со едно враќање – на нивниот поранешен фудбалер, Серхио Рамос.

Додека ова е прва победа по три порази за клубот од Андалузија, по кој се искачуваат на 17 место со 3 поени, Лас Палмас имаат ва поени во првите пет кола и се на претпоследното место.

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top