Top Sport

(Видео) Барди со одлична асистенција, Трабзонспор го растури Бешикташ

Енис Барди продолжува со одличната игра во новата сезона, откако овојпат беше асистент за тимот на Трабзонспор, кој стигна до фантастична 3:0 победа над Бешикташ во петтото коло од Турската суперлига.

Барди во 29. минута од мечот, фантастично го проигра Пол Онуачу за да го отвори резултатот, по што домаќините го удвоија водството во 44. минута преку Гркот Анастасиос Бакасетас. Конечните 3:0 ги постави Един Вишќа во 61. минута од мечот.

Scroll to Top