Top Sport

(Видео) Шампионот Наполи пак сигурен, Џенова го шокираше Лацио

Шампионот Наполи ја забележа и втората победа во второто коло во италијанската Серија А, триумфирајќи над Сасуоло со 2:0 во меч во кој Елиф Елмас доби шанса во 83. минута кога победникот беше решен, додека повратникот во елитата, Џенова стигна до изненадувачка 1:0 победа на „Олимпико“ кај Лацио.

Виктор Осимен ги донесе „партенопеи“ во водство во 16. минута со гол од пенал, а домаќините добија уште еден пенал во 60. минута, но Џовани Распадори не успеа да зголеми на 2:0. Сепак, печат на победата стави Џовани ди Лоренцо во 64. минута по асистенција на Квича Кварацхелија.

Во Рим, голот на Матео Ретегуи во 16. минута беше доволен Џенова да замине со три поени и да го втурне Лацио во мини-криза по двата порази на стартот на сезната.

СЕРИЈА А, 2.КОЛО
Наполи – Сасуоло 2:0
Лацио – Џенова 0:1

Standings provided by Sofascore
Scroll to Top