Top Sport

(Видео) Шкендија ќе игра против Копенхаген ако го мине ФЦСБ, ако испадне ја чека Дрита

Фудбалерите на Копенхаген успеаја да се пласираат во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Данците во наредната рунда ќе играат против Шкендија или ФЦСБ.

Шампионот на Данска беше подобар од екипата на Дрита и во вториот натпревар, во Приштина победи со 1:0. Првиот меч во Копенхаген заврши со триумф на Копенхаген 2:0.

Единствениот стрелец беше искусниот Андреас Корнелиус, тој во 42.минута ја искористи асистенција од норвешкиот репрезентативец Мохамед Елјунуси.

Шкендија утре го игра преваншот во Букурешт, ќе ја брани предноста од 1:0. Доколку Шкендија помине во третото коло ќе игра против Копенхаген. Доколку биде елиминирана, Шкендија се сели во квалификациите за Лига Европа и противник ќе и биде Дрита.

Scroll to Top