Top Sport

(Видео) Шкупи го победи Вардар, Струга со пресврт славеше над Шкендија

Шкупи и Струга ТЛ со победи на домашен терен го заклучија 13.коло во Првата македонска фудбалска лига. Шкупи го победи Вардар со 2:0, а Струга ТЛ, со пресврт славеше над Шкендија 2:1.

На стадионот во Чаир, лидерот на табелата Шкупи го победи „фенерџијата“ Вардар. По еден гол во полувремињата за осмиот триумф во сезоната.

Воша го постигна првиот гол, по лошата интервенција на Гачевски во 25.минута. Овој резултат беше активен 50.минути. Во 74.минута Кука ги постави конечните 2:0.

Шкупи е лидер на табелата со 28 поени, еден повеќе од актуелниот шампион Струга ТЛ. Стружани во второто денешно дерби ја победија Шкендија.

Красничи во 54.минута и донесе предност на Шкендија. Осум минути подоцна Шкендија остана со играч помалку, Цинари доби црвен картон и натпреварот доби поинков тек.

Со фудбалер пвеќе на теренот, Струга ТЛ, направи пресврт со два гола постигнати во интервал од 120 секунди. Кампаоре изедначи во 73.минута, а во 75. поранешниот играч на Шкендија Радески ги постави кенечните 2:1.

Фото и видео/facebook.com/fcshkupi1927

Табела:

Scroll to Top