Top Sport

(Видео) Шок во Торино – Удинезе го победи Јувентус

Удинезе по пауза од девет години успеа да го победи Јувентус во Торнио. Во последниот натпревар од 24.коло, Удинезе славеше со 1:0.

Јувентус, на 14 рунди до крајот на сезоната, се чини дека испадна од шампионската трка. Поразот од Удинезе го остави на седум бода од Интер кој има и натпревар помалку од „старата дама“.

Неверојатно но вистинито Удинезе вечерва ја забележа третата победа од почетокот на сезоната. Екипата од Удине со 22 бода се наоѓа на 15.место.

Јувентус, како и многу ати од почетокот на сезоната делуваше без јасна идеа во играта, но за разлика од неколкуте такви натпревари што ги одигра на домашен терен, против Удинезе на успеа да победи.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 25.минута кога Џанети го совлада Шчесни.

Scroll to Top