Top Sport

(Видео) Шоу на Киеза, два гола на Атанасов – Убедлив пораз на Македонија во Рим

Foto/ EPA

Италија ја победи Македонија со 4:2 (3:0) во претпоследното коло, во Ц групата за пласман на Европското првенство во Германија.

Од самиот почеток „Азурите“ го диктираа темпото, сакаа што е можно побргу да ги решат дилемите околу конечниот победник.

Постигнаа гол во 12.минута, кој беше поништен поради недозволената позиција на Распадори.

Сепак македонската одбрана капитулираше пет минути подоцна. Корнер од левата страна доби Италија, комбинираа Димарко и Распадори, кој упати центаршут, а лошата поставеност на нашата одбрана ја искористи Дармијан.

Фудбалерот на Интер го постигна вториот гол во националниот тим.

Ниту по примениот гол македонските фудбалери не го сменија пристапот кон играта. Италија без проблем го контролираше поседот и ритамот на натпреварот.

Во 38. минута Серафимов несмасно интервенираше, топката го погоди в рака. Пеналот во 40.минита го изведе Жиржињо, но неговиот удар го одбрани Димитиревски.

Но веќе во следниот напад Италија ја зголеми предноста. Одново нашата одбрана беше лоша поставена, Барела му асистираше на Киеза кој од 20 метри ја испрати топката зад грбот на Димитриевски.

Селекторот Милевски на полувреме направи три измени, Моивски, Манев и Адеми останаа во соблекувалната, на нивните места влегоа Ристовски, Ашковски и Атанасов.

Македнија заигра нешто подобро, а Италијнците решија да го намалат темпот и да го чекаат крајот на натпреварот.

Таквата определба можеше скапо да ги чини „Азурите“. Добра центашут во 51.минута на Алиоски го испрато Атанасов, кој со својот прв гол во дресот на националниот тим намали на 3:1.

Во продолжение Италија пропуштти една добра шанса, а публиката се забавуваше со свирежите кон Николо Заниоло. Рим, поточно навивачите на Рома нема да заборават на кој начин ја напушти Рома.

Италија и домашната публика доживеа шо во 72.минута. Атанасов упати удар од 22 метри, топката малку го закачи Ачерби го измами Донарума заврши во голот.

Сепак Македонијанемаше сили да направи сензација, сите дилеми околу конечниот победник ги реши Распадори во 81.минута.

Точка на натпреварот во 93.минута стави миленикот на римската публика Ел Шарави.

Англија која ја победи Малта со 2:0 води на табелата со 19 поени, Италија и Украина имаат по 13, Македонја остана на седум, а Малта веќе ги заврши квалификациите без освоен бод.

Во понеделник Македонија ќе ја пречека Англија, а Украина и Италија во меѓусебниот дуел ќе решат која репрезентација ќе игра на ЕП.

Scroll to Top