Фудбалерите на Аталанта го декласираа Наполи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со 3:0, во 11. коло од Серија А.
Аталанта сега има само три бода помалку од Наполи (25) и е на второто место со 22 бода.
Два гола беа постигнати во првото полувреме, а конечниот резултат беше поставен во судиското надополнување.
Во 10. минута Адемола Лукман успеа да го совлада Алекс Мерет за 1:0 на асистенција на Шарл Де Кетеларе.
Аталанта не застана тука, продолжи со својата игра и го зголеми водството во 31.минута. Истите играчи беа актери на вториот гол, Де Кетеларе повторно го проигра Лукман за 2:0.
Ademola Lookman, that's it pic.twitter.com/7yuMB6jJH5
— 🔗 (@Gideoomatic) November 3, 2024
Гостите можеа да поведат поубедливо, но ВАР го поништи голот на Сеад Колашинац во 57. минута поради офсајд.
Лукман имаше уште една одлична шанса во 75. минута, но ја погоди надворешната страна од мрежата.
Аталанта тотално го надигра Наполи, а точка на натпреварот стави најдобриот стрелец во лигата, Матео Ратеги во судиското надополнување.
Serie A goal number 11 in 10 matches for Retegui who is storming to the capocannoniere awardpic.twitter.com/vOl7tO9zZt
— Nima Tavallaey Roodsari (@NimaTavRood) November 3, 2024
Во следното коло Наполи има уште еден тежок натпревар ќе му гостува на Интер, додека Аталанта ќе го пречека Удинезе.