Top Sport

(Видео) Шпанија со трофејот од Лигата на нации по пенал-драмата против Хрватска

Шпанија е вториот шампион од Лигата на нации на УЕФА, откако по 0:0 по 120 минути на „Де Кујп“ во Ротердам, голманот Унаи Симон блесна со два одбранети пенали за 5:4 победа на пенали над Хрватска, чија „златна генерација“ останува без трофеј во можеби последната шанса.

Во 120 минути игра, двете репрезентации не успеаја да стигнат до гол, а Хрватска успешно ги одби сите напади на „фуријата“, за на крајот наследникот на Португалија, која ја освои првата титула од најновото европско натпреварување во 2019, се одлучуваше на пенали.

Пенал-серијата ја започнаа Хрватите, со Никола Влашиќ како прв прецизен, а Шпанија одговори преку ветеранот Хоселу. Во втората серија, Марцело Брозовиќ не згреши, а Доминик Ливаковиќ не беше дораснат за ударот на ѕвездата на Сити, Родри. Во третата серија, прецизни беа капитенот на Хрватите, Лука Модриќ и Микел Морино, за обидот на Ловро Мајер да заврши во рацете на Унаи Симон за предност на Шпанците, која ја потврди и Марко Асенсио со прецизен удар.

Ветеранот Иван Перишиќ стрелаше за да ја продолжи надежта на „коцкестите“, за Ајмерик Лапорт да ја продолжи драмата откако ја погоди пречката за 4:4 по пет серии. Унаи Симон повторно беше на висината на задачата бранејќи го обидот на Бруно Петковиќ, за потоа Дани Карвахал да ја освои титулата за „фуријата“.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top