Фудбалерите на Нотингем Форест го победија Челзи со 3:2 во воведниот натпревар од 12-то коло од Премиер лигата.
Апсолутен херој на триумфот беше расположениот Морган Гибс-Вајт, кој ги предводеше „Шумарите“ со два погодоци. Од друга страна, тимот на Чаби Алонсо продолжи со серијата лоши резултати, во последните пет натпревари дури четири пати остана без бодови.
Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и поведе во петтата минута. Игор Жезус брилијантно реагираше на центаршут од десната страна и ја затресе мрежата за рано водство на Форест.
Предноста на домашниот тим беше удвоена во 51-та минута, кога Гибс-Вајт беше прецизен од пенал.
Сепак, гостите реагираа брзо. Само три минути подоцна, Емануел Емега беше на вистинскоот место, одбиената топка ја смести во глото и му ја врати надежта на лондонскиот тим за пресврт.
Сепак, Гибс-Вајт повторно ги замолкна гостинските навивачи во 73-та минута. По одличното додавање од Шлагер и несигурната и голманот Емилијан Мартинез, англискиот интернационалец го постигна својот втор гол во натпреварот и ја врати предноста од два гола на Форест.
Челзи не се предаде, па Емега додаде драма во финалето со својот втор гол на натпреварот во 89-та минута. Лондонскиот тим се обиде да избегне пораз во пет минути од судиското продолжение, но Нотингем успеа да ја зачува предноста и да забележи исклучително вредна победа.
Foto/ Depositphotos
