Top Sport

(Видео) Сигурни победи на Италија и Шведска, Полска со пресврт, Косово ја шокира Словачка

Италија, Полска, Шведска и Косово изборија пласман во финалните мечеви, во рамките на бража мечевите за пласман на Светското првенство.

Екипата на Џенар Гатузо, успеа да го скрши отпорот на жилавите Северноирци со головите на Сандро Тонали и Мојсе Кен во второто полувреме, со што го обезбеди натпреварот за пласман на најголемата фудбалска изложба во светот.

Италија ги пропушти последните две Светски првенства во Русија и Катар.

Косово приреди изненадување со победата над Словачка (4:3) во Братислава.

Во Братислава, Словачка водеше на полувреме благодарение на головите на Валиента во шестата минута и на Хараслин во 45-та минута. Стрелец за гостите беше Хоџа во 21-та минута.

Во вториот дек Косово го шокира домаќинот во рок од 25 минути.

Прво, Аслани израмни по втор пат во 47-та минута. Пресвртот го комплетира Муслија во 60-та минута, а Хајризи успеа практично да ја „запечати“ победата во 72-та минута. На крајот, голот на Стрелец во длабокото судиско надополнување значеше многу за Словачка.

Косово за пласман на Светското првенство, на 31 март во Приштина, ќе игра против Турција, која ја елиминираше Романија (1:0).

Со пресврт, полуфиналето го минаа и Полјаците. Во Варшава, Полска ја победи Албанија со 2.1.

По првиот дел, Албанија имаше предност со голот на Хоџа во 42-та минута. Пресвртот го најави Левандовски во 63-та, а победата ја обезбеди Зјелински десет минути подцна.

Шведска, благодарение на Виктор Ѓекереш ја елиминира Украина. Напаѓалот на Арсенал постигна хет-трик во победата 3:1. Еден гол постигна во раната фаза, во првото полувреме, а потоа со два гола во вториот дел ја дел ја запечати победата на својата селекција.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');