Top Sport

(Видео) Силесен изнесен на носилки, па итно бил опериран

Наизглед мирна фудбалска вечер во Шпанија се претвори во вистински кошмар за еден од најдобрите голмани во Ла Лига, Јаспер Силесен.

На натпреварот на неговиот Лас Палмас против Селта од Виго, холандскиот голман мораше да ја напушти играта на средината на првото полувреме, откако доби удар во стомакот.

Со големи болки беше изнесен од теренот, а потоа беше објавено видео на кое се гледа како на носилки го носат во амбулантно возило, со помош на инфузија и сите други медицински помагала.

Набрзо стигна информација дека Силесен повраќал штом излегол од теренот, што е последица на повреда на внатрешните органи и дека итно бил опериран во Виго поради „перфорирано црево“.

„Тој има стомачна повреда, со одредено зафаќање на цревата. Засега се оди во најдобар ред“, вели д-р Боланос, додавајќи дека постои можност за нова операција, доколку здравствената состојба се искомплицира.

Силесен е поранешен голман на Барселона, Ајакс и Валенсија, како и на холандската репрезентација.

Натпреварот меѓу Селта и Лас Палмас на крајот заврши без победник, со резултат 1:1.

Scroll to Top