Клуб Бриж и Атлетико Мадрид одиграа 3:3 во првиот натпревар од плејофот за нокаут фазата од Лигата на шампионите. Гостите од Шпанија водеа со 2:0 и 3:2, но домаќините успеаја да извкечат реми во 90-та минута пред реваншот во Мадрид следниот вторник.
Диего Симеоне, трофејниот тренер на Атлетико, по натпреварот го пофали соперничкиот тим предводен од Иван Леко.
„Тешко е за сите да играат во Бриж. Само Арсенал успеа лесно да победи тука, Бриж игра добро, тие се динамичен тим. Направивме грешки што веднаш ги преточија во три гола, но морам да нагласам дека Бриж заслужено извлече нерешен резултат без оглед на фактот што водевме три пати, вклучувајќи го и водството со два гола разлика. Игравме против најинтензивниот тим во Лигата на шампионите, полн со млади играчи кои работат напорно и знаевме дека нема да биде лесно. Колку е добар Бриж, доказ е фактот дека се вратија иако ја контролиравме играта и имавме водство од два гола, тие не се откажаа дури ни кога поведовме со 3:2.“
Foto/ depositphotos
