Top Sport

(ВИДЕО) Симеоне го испрати Жоао Феликс да тренира со младинците на Атлетико Мадрид

Португалскиот интернационалец Жоао Феликс е испратен да тренира со младинците на клубот на првиот ден од подготовките на Атлетико Мадрид за новата сезона. Тој тренираше со играчите на академијата додека тренерот Диего Симеоне имаше тактички сесии со останатите првотимци.

Во друг дел од тренингот, сепак, Португалецот беше дел од тренингот со сениорскиот тим.

Симеоне очигледно нема намера да се потпира на Жоао Феликс, кој се врати во клубот по позајмицата во Челси. Ова е порака на клубот за португалскиот напаѓач дека ќе треба да си замине до крајот на преодниот рок.

23-годишниот Португалец се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен. За негово враќање е заинтересиран и неговиот поранешен клуб Бенфика.

Scroll to Top