Вечева се одиграа последните натпревари од третото коло на Лига купот. Според очекувањата Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем и Њукасл се пласираа во следната рунда.
Манчестер сити гостуваше кај Хадерсфилд и победи со 2:0. Сити водеше со 1:0 по 18 минути. Фил Фоден им донесе водство на „Граѓаните“, а тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во 74-та минута, Фоден се најде во улога на асистент, а Савињо го постави конечниот резултат.
Њукасл го победи Бредфорд со 4:1 (2:0). „Страчките“ во првите 20 минути ги решија дилемите околу конечниот победник,.
Во 17-та минута, Жоелинтон го отвори резултатот, а само две минути подоцна, гол постигна и Осула.
Во 75-та минута, Њукасл постигна трет гол, Жоелинтон повторно беше стрелец. Четри минути подоцна Кук го намали резултатот. Конечните 4:1 ги постави Осула три минути пред крајот.
Тотенхем немаше проблеми со Донкастер. Тимот на Томас Франк победи со 3:0, а головите ги постигнаа Палиња, Мекграт (авто гол) и Џонсон.
Арсенал гостуваше во Порт Вејл и победи 0:2 (0:1). Арсенал поведе во осмата минута. Одличен гол постигна Езе, аТросар го затвори овој дуел во 86-та минута.