Манчестер сити го направи клучниот чекорв во трката за Лигата на шампионите. „Граѓаните“ во претпоследното коло го победија Борнмут со 3:1, се искачија на третото место на табелата со 68 поени, два повеќе од Њукасл, Челзи и Астон Вила и три од Нотоингем Форест.
Последното коло ќе ги реши дилемите кои три клуба, покрај Ливерпул и Арсенал ќе играат во Лигата на шампионите наредната сезона, но се чини дека Сити веќе го обезбеди своето место таму. Ќе им биде потребен еден бод против Фулам за да го потврдат пласманот, бидејќи од сите овие тимови, Сити има далеку најдобра голл разлика.
Против Борнмут, Сити победата ја обезбедија во првиот дел кога постигнаа два гола. Првиот на Мармуш во 14.минута беше спектакуларен. Егиѓќанецот од 25 метри испрати „топрпедо“ кое заврши во десниот горен агол од голот.
Предноста ја зголеми Бернардо Силва во 38.минута, по одличното додавање од Гундоган.
Сити во 67.минута остана со играч помалку, Ковачиќ доби црвен картон, но силите на теренот се израмнија седум минути подцна кога исклучен беше Кук.
Победата на Сити ја потврди Нико Гонзалес во 89.минута, а во 96. Џејмс го постигна почесниот гол за Борнмут.