Top Sport

(Видео) Сити го „крадат“ големиот талент Паркер од градскиот ривал Јунајтед

Манчестер сити се пред договор со 16-годишниот Херисон Паркер од Манчестер јунајтед, во голем удар за академијата на „ѓаволите“, јавуваат повеќе англиски медиуми.

Јунајтед сакаат да го задржат талентираниот централен бек и му понудиле највисока можна плата за јуниорски играч, но тој ја одбил и е пред потпис со градскиот ривал. Ако се оствари овој трансфер, Сити ќе бидат трет тим за тинејџерот, кој инаку произлезе од академијата на Арсенал пред трансферот во Јунајтед во 2021.

Scroll to Top