Фудбалерите на Манчестер сити останаа на максималниот учинок во Премиер лигата, откако ја забележаа четвртата победа во четвртото коло. Убедлив триумф во ова коло забележа и Тотенхем, додека Челси ги разочара навивачите со поразот на „Стенфорд Бриџ“ од Нотингем Форест.
Саботните натпревари ги обележаа напаѓачите на Сити и Тотенхем, Халанд и Сон. Двајцата постигнаа хет-трик.
Манчестер сити го победи Фулам со 5:1. Халанд три гола постигна во второто полувреме. Сон пак три гола постигна во победата на Тотенхем кај Барнли од 5:2.
Нотингем Форест со голот на Ентони Еланга во 48.минута. Челси по само четири кола веќе има осум бода помалку од лидерот Сити.