Top Sport

(Видео) Сити лесно го реши Јунајтед во градското дерби

Манчестер сити го доби градското дерби против Јунајтед со 3:0 во четвртото коло, во Премиер лигата. Блескаше стрелецот на два гола Ерлинг Халанд. Менаџерот на Сити, 26. пат го водеше својот тим во дуелите со градскиот ривал и ја забележа 14. победа.

Манчестер сити, против градскиот ривал ја прекина серијата од два порази, ја забележа втората победа во сезоната и напредуваше на табелата. Јунајтед, остана на 14.место, откако го забележа вториот пораз. Екипата на Рубен Аморим има победа и реми, одононо четири бода.

На голот на „граѓаните“ дебитираше Џанлуиџи Донарума. Се истакна во вториот дел, кога со убава парада го одбрани волејот на Брајан Мбумо.

Фил Фоден го постигна првиот гол на натпреварот во 18.минута, а потоа Ерлинг Халанд им донесе победа на „Граѓаните“ со своите два гола. Џереми Доку забележа две асистенции.

Норвежанецот моментално е најдобар стрелец во Премиер лигата со пет гола, по него следуваат Виктор Ѓекерес (Арсенал) и Антоан Семењо (Борнмут) со по три.

Халанд ја продолжи својата голгетерска форма, постигнувајќи гол против Финска во пријателски натпревар во националниот тим, додека постигна пет гола во победата од 11:1 над Молдавија.

Foto/ EPA

Scroll to Top