Foto/ EPA
Манчестер сити на „Олд Трафорд“ со супериорна игра го доби градското дерби против Манчестер јунајтед. „Граѓаните“ на стадионот на Јунајтед славеа со 0:3 (0:1). Играч на натпреварот е Ерлинг Халанд кој ги постигна првите два гола и му асистираше на Фил Фоден кој го постигна третиот гол.
Актуелниот англиски и европски шампион, против разнишаниот Јунјатед, ја демонстрираше својата моќ. Со исклучок на воведните 10 минути, кога Јунајтед повеќе ја имаа топката и играа на половината на ривалот, останатиот дел од натпреварот мина во доминација на „граѓаните“.
Ерлинг Халанд го постигна првиот гол од пенал во 26.минута. На пеналот му преходеше наивната реакција на Хојлунд, кој без топка го собори Родри пред својот гол.
Норвежанецот имаше шанс во финишот на првиот дел да го зголеми водството, но се истакна голманот Онана со брилијантна одбрана.
Онана сепак не можеше да го спречи Халанд во 49.минута кога тој го постигна вториот гол за Сити.
Конечниот резултат го постави Фоден во 80. минута.
Сити со 24 бода се наоѓа на делба на втората позиција заедно со Арсенал. Јунајтед, во 10 кола имаат пет победи и исто толку порази и се осми на табелата со 15 поени.