Top Sport

(Видео) Сити во Лестер ја прекина серијата лоши резултати

Фудбалерите на Манчестер сити успеаја да ја прекинат серијата порази, откако со 2:0 го совладаа Лестер на гостувањето во 19. коло од Премиер лигата. Стрелци за Сити беа Савињо и Ерлинг Халанд.

„Граѓаните“ поведоа во 21. минута. Фил Фоден упати удар од приближно 25 метри кој го одбрани домашниот голман Јакуб Столарчик, но одбиената топка ја собра Савињо, кој погоди од непосредна близина.

Лестер најблиску до изедначување во првиот дел беше во 39. минута, но ударот на Факундо Буонаноте заврши крај голот. „Лисиците“ имаа голем број прилики за гол во вториот дел, но обидите на Билал Ел Канус, Џејмс Џастин и Џејми Варди не успеаја да ја погодат целта.

„Лисиците“ казанат за промашувањата ги стигна во 74. минута. Халанд погоди по додавањето на Савињо.

Избраниците на Пеп Гвардиола ја задржаа предноста до крајот на натпреварот, остварувајќи ја само втората победа во последните 14 натпревари во сите натпреварувања.

Барем привремено скокнаа на петтото место во првенствениот поредок со 31 бод. Ова е прва победа на Сити на гости по повеќе од два месеци.

Scroll to Top