Top Sport

(Видео) Со брутален старт збриша двајца поранешни и идни соиграчи

Неверојатен и брутален прекршок доаѓа од фудбалските терени во Хондурас. Играа Маратон и Олимпија, а десниот бек на Маратон, Андре Орељана (21) со еден старт тешко повреди двајца играчи на Олимпија.

Интересно Орељана е позајмен играч на Олимпија во Маратон.

Без намера да стигне до топката со две нозе во потколениците, налета на двајца поранешни и идни соиграчи, бидејќи од позајмицата мора да се врати во Олимпија.

Веднаш доби црвен картон, а по овој потег прашање е како ќе го пречекаат поранешните соиграчи кога ќе се врати во матичниот клуб.

Scroll to Top