Top Sport

Тухел нема да го води Баерн Минхен на мечот против Манчестер Јунајтед во ЛШ

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, нема да биде на клупата на дуелот со Манчестер Јунајтед од групата А во Лигата на шампионите в среда, потврди УЕФА.

50-годишниот стратег доби црвен картон во април поради критиките на натпреварот против Манчестер Сити во четврт-финалето на претходното издание на натпреварувањето.

Поради ова тој е суспендиран. Тухел ќе може да го следи натпреварот со Манчестер Јунајтед од трибините на „Алијанц Арена“ и телефонски да комуницира со помошниците.

Scroll to Top