Top Sport

(Видео) Собослај во 99-та минута спречи пораз на Ливерпул во Њукасл

Фудбалерите на Њукасл и Ливерпул одиграа возбудливи 2:2 во воведното коло од Премиер лигата.

„Црвените“ се спасија буквално во последните секунди со голот на Доминик Собослај од пенал, во деветтата минута од судиското продолжение, триесет секунди пред судијата Стјуарт Атвел да пзначи крај на возбудливиот дуел.

Покрај Собослај, голема заслуга за израмнувањето и бодот за тимот на Ираола има и Шпанецот Виктор Муњоз, кој изнуди пенал.

Њукасл, два пати водеше на овој натпревар. Најпрвин со голот на Еланга, а потоа и со голот на Вилок, откако Гакпо изедначи на 1:1. Интересно ова беше прв гол за Вилок по 61 натпревар во Премиер лигата, односно од февруари 2024 година.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');