Спектакуларен натпревар одиграа Барселона и Интер на „Можуик“ во полуфиналето, на Лигата на шампиони. По 90 минути натпреварот заврши без победник 3:3.
Праведно реми на „Монжуик“, двата тима не заслужија да загубат, но ќе остане впечатокот дека Интер беше поблиску до победа.
Интер го започна натпреварот фантастично. Поведоа гостите по 30 секунди што е најбрзиот гол во историјата на полуфиналињата во Лигата на шампионите. Маркус Тирам реагираше брилијантно, со петица ја смести топката во голот.
Веќе во 21-та минута беше 0:2. Стрелец на уште еден атрактивен гол беше Дензел Дамфрис. Тој ја испрати топката во мрежата со ножички по корнерот и скокот на Ачерби.
И една интересна работа: Дамфрис стана првиот Холанѓанец кој постигнал гол и асистирал во полуфиналето на Лигата на шампионите по Весли Снајдер, кој го направи во дресот на Интер против Барселона.
Од тој момент, фудбалерите на Барселона се разбудија. Само три минути по вториот гол на „нероаѕурите“, публиката на „Монжуик“ сведочеше на магичен потег на 17-годишниот Ламин Јамал.
Само минута подоцна, Јамал ја погоди гредата, а во 38-та минута веќе беше 2:2. Школска акција на Каталонците: Педри испрати долга топка, Рафиња ја додаде со глава до Феран Торес, кој ја смести во мрежата.
Во второто полувреме немаше толку многу голови, но беше и возбудливо.
Во 64-тата минута повторно се истакна Дензел Дамфрис. Холанѓанецот беше највисок во скокот по корнерот за 2:3.
Сепак, новото водство на Интер траеше само две минути: силниот удар на Рафиња ја погоди пречката, топката се одби од главата на голманот на гостите Зомер и заврши во мрежата за 3:3.
Во 75-тата минута, топката по четврти пат се најде во мрежата на Каталонците, голот го постигна Хенрик Мхтарјан, но помошникот судија го крена знамето, а ВАР го потврди милиметарскиот офсајд.
Само три минути пред крајот на регуларниот дел, нов неверојатен потег на Ламин Јамал, центаршуткој заврши во гредата.
Реваншот на „Џузепе Меаца“ ќе се одигра во вторник на 6.мај.