Top Sport

(Видео) Спектакуларна кореографија во Салерно во чест на Пинк Флојд

Навивачите на Салернитана го воодушевија светот со својата кореографија за време на натпреварот против Интер во саботата.

Темата не беше фудбалот туку музиката, односно легендарната рок група „Пинк Флојд“.

Навивачите од Салерно на стадионот „Арека“, направија кореографија во чест на 50. годишнината од објавувањето на познатиот албум „The Dark Side of the Moon“.

Сепак, на трибината со најжестоките фанови на Салернитана особено доминираше кореографијата посветена на албумот „The Wall“.

За жал, забавата им ја распипа Лаутаро Мартинез кој за полаку од 30 минути постигна четири гола,а Интер победи со 4:0.

Scroll to Top