Top Sport

(Видео) Спектакуларни голови на Влаховиќ, Јувентус го победи Сасуоло

Foto/ EPA

Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ со два гола го обележа натпреварот помеѓу Јувентус и Сасуоло.

Влаховиќ во 15.минута мајстроски погоди од 20 метри, а во 37.минута постигна брилијантен гол од слободен удар. Со овие два гола Влаховиќ дојде до бројката од девет гола во Серија А.

Точка на победата на Јувентус стави Кијеза во 89.минута.

Scroll to Top