Осасуна победи со 2:1 против Реал Мадрид во 25-то коло од Ла Лига. Голот за победа, на спектакуларен начин го постигна Раул Гарсија во 90-та минута. Осасуна прв пат по јануари 2011 година го победи Реал, а во исто време „кралскиот клуб“ го доживеа првиот пораз во првенството по декември минатата година.
Анте Будимир избори пенал и го претвори во гол во 38 минута. Ова беше 12-ти гол во првенството оваа сезона во неговиот 24-ти настап.
Винисиус израмни за Реал во 73-та минута, по додавањето на Валверде.
Осасуна се повлече во финишот, го бранеше резултатот се до 90-та минта. Дани Себаљос загуби топка, таа стигна до Раул Гарсија, кој со дриблинг „по бурек“ ги испрати Раул Асенсио и Александер-Арнолд и потоа лесно го совлада Куртоа.
Реал остана на 60 поени, но утре Барселона доколку го победи Леванте ќе се врати на челната позиција на табелата. Осасуна со оваа победа скокна на деветтото место со 33 поени.
Foto/ EPA
