Top Sport

(Видео) Спектакуларно дерби – Челси го победи Тотенхем

Челси како гостин го совлада Тотенхем со 4:1, во спектакуларен натпревар. Тотенхем натпреварот го заврши со двајца фудбалери помалку. Со првиот пораз во сезоната, Тотенхем му го препушти лидерското место на табелата на Манчестер сити.

Првито дел мина во знакот на ВАР системот и судијата Мајкл Оливер. ВАР поништи три гола, еден на Тотенхем и два на Челси, а се активираше и кога Челси доби пенал, а Ромеро црвен картон. Сите одлуки беа исправни.

Тотенхем поведе во раната фаза со голот на Кулушевски. Потоа изедначи Палмер од пенал. Во 57.минута Удоги го доби вториот жолт картон.

До крајот на мечот Николас Џексон постигна хет-трик.

Челси со овој триумф се искачи на 10.место со 15 поени, Тотенхем е втор со бод помалку од Сити.

Scroll to Top