Foto/ EPA
Наполи и Милан одиграа спектакуларно дерби во 10. коло во Серија А, на крајот немаше победник (2:2). Секој тим доби по едно полувреме. Милан по 45 минути водеше 0:2, во вториот дел не успеа да ја одбрани победата. .
Уште еднаш се покажа дека напаѓачот на Милан, Оливие Жиру е „кралот на шеснаесетникот“, неговите два гола со глава му донесоа водство на Милан на полувремето, но шампионот се разбуди во вториот дел.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас започна во стартната постава, но беше заменет во полувремето заедно со Марио Руи и Рахмани. На нивните места влегоа Оливера, Остигард и Симеоне.
Наполи во вториот дел израмни со головите на Политано и Распадори.
Наполитанците натпреварот го завршија со фудбалер помалку, во 89.минута вториот жолт картон го доби Натан.
Милан е трет со 22, наполи е зад него со 18 поени.