Актуелниот европски првак Шпанија во првиот меч по освојувањето на титулата одигра 0:0 во Белград против Србија. На отворањето на мечевите во А дивизијата Португалија ја победи Хрватска со 2:1, Полска победи во Шкотска со 3:2, а Данска ја совлада Швајцарија со 2:0.
Србија без најголемите ѕвезди, кои од разми причини му откажаа на селекторот Стојковиќ, со неколку дебитанти, успеа да освои бод против европскиот првак.
Изненадувачки Србите одиграа одличен меч особено до 70.минута. Во првиот дел јаимаа најдобрата шанса кога во 33.минута Јовиќ практично промаши празен гол.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 5, 2024
Шпанците од 70.минута до крајот извршија силен притисок, створија неколку добри шанси но не успеаја да го совладаат Рајковиќ.
За три дена двете селекции ќе гостуват, Србија во Копенхаген кај Данска, а Шпанија во Женева кај Швајцарија.