Денешниот дел од програмата на Европското првенство ќе започне со натпреварот помеѓу Словенија и Србија.
Натпреварот на „Алијанц Арена“ започнува во 15 часот, а навивачите на двете репрезентации ја креваат атмосферата во Минхен пред да влезат на трибините.
Голем број словенечки и српски навивачи ги преплавија улиците на Минхен, се слушнаа и мали спортски провокации.
Српските навивачи им пееја на словенечките навивачи:
„Лука Дончиќ е еден од нас“.
"Luka Dončić jedan je od nas" pic.twitter.com/ErTIyHQOQc
— Милутин (@mylutin) June 20, 2024
Дончиќ е словенечки репрезентативец и еден од најдобрите кошарки во НБА лигата.Сезонава беше избран во идеалната петорка, беше најдобар стрелец, а со Далас стигна до големото финале, каде загуби од Бостон во пет натпревари.
Семејството Дончиќ потекнува од селото Бича во Косово.
По повод скандирањата на српките навивачи се огласи и Дончиќ, кој и даде безрезервна поддршка на репрезентацијата на Словенија.
#SrceBije za Slovenijo ❤️🇸🇮@luka7doncic | @kzs_si pic.twitter.com/7GjovzANAd
— NZS | FA Slovenia (@nzs_si) June 20, 2024