Фудбалерите на Елче ја победија Валенсија на домашен терен со 1:0 во натпреварот од 31-то коло на шпанската Примера.
Тимот на Едер Сарабија денес извојува исклучително важна победа во борбата за опстанок во елитните редови на шпанскиот фудбал, а по сè што се случуваше, гостите ќе имаат за што да жалат.
Валенсија ја имаше првата сериозна можност преку Белтран, чиј удар заврши над голот, додека гостите и покрај тоа што го имаа поседот, не успеаја да се заканат кон голот на Столе Димитиревски.
Токму кога „лилјаците“ ја презедоа иницијативата, се случи вистински шок по добрата акција на домашните во 73-та минута, кога резервистот Лукас Сепеда практично го совлада Димитриевски при првиот контакт со топката по додавањето од Фебас.
Од тој момент, од Валенсија играше на сè или ништо, заканувајќи се преку Рамазани, кој беше запрен од Дитуро.
Со денешната победа, Елче се извлече од зоната за испаѓање, во која сега се наоѓа Севилја.
Валенсија остана на 14-то место со 35 бода.
Foto/ EPA
