Foto/ EPA
Рајо Ваљекано и Столе Димитриевски потврдија дека се непремостлива пречка за Барселона. Во првиот меч од 14.коло, на „Ваљекас“, Рајо и Барселона одиграа 1:1. Чави откако ја презеде Барселона нема победа против Рајо Ваљекано, во четири натпревари има два порази и два пати неговиот тим ремиирал.
Столе Димитриевски одигра уште еден брилијантен меч против Барселона, се истакна со неколку добри интервенции.
Резултатот на „Ваљекас“ го отвори Унаи Лопез со спектакуларен гол во 39.минута. Поранешниот играч на Билбао од 25 метри го совлада Ињаки Пења, кој бранеше наместо повредениот Тер Штеген.
Барселона пропупти неколку шанси за израмнување, а кога не можеа тие Димитроевски го совлада неговиот соиграч Лежен во 80.минута.