Top Sport

(Видео) Столе и Рајо Ваљекано во 91.минута до бод против Сосиедад

Foto/ EPA

Фудбалерите на Рајо Ваљекано ја продолжија серијата без пораз, откако се спасија од пораз против Реал Сосиедад на натпреварот од 11. коло. Столе Димитриевски го бранеше голот на Рајо, кој до 2:2 дојде со голот на Бебе во 91.минута. Во моментов Рајо е во серија од седум натпревари без пораз.

Муман му донесе предност на Рајо Ваљекано во 31.минута, до крајот на полувремето израмни Микел Ојерзабал, а истиот играч во 66.минута од пенал го матираше Димитиревски.

Сепак Рајо од пораз го спаси ветеранот Бебе во 91.минута.

Сосиедад е на петтата позиција со 19 бодови, додека Рајо е осми со два бода помалку.

Scroll to Top