Top Sport

(Видео) Стрелец ја сурши Германија, Холандија освои само бод поритв Полска

Првото коло во А групата во квалификациите за пласман на Светското првенство започна со вистинска сензација. Словачка во Братислава ја победи Германија со 2:0. Изненадување се случи и во Г групата, Полска успеа да остане непоразена во Амстердам во дуелот со Холандија.

Словаците целосно го надиграа тимот на Јулијан Нагелсман и ја истакнаа својата кандидатура за прво место во А групата. Германците одиграа лош натпревар, оправдување не смее да им биде што играа без неколкумина стандарни играчи.

На стадионот „Техелне Поле“ во Братислава, домашните поведоа во 42-та минута кога дефанзивецот Ханцко, по двојното проигрување со Стрелец, во контра го постигна првито гол.

Дека Германија со пораз ќе ја напушти Братислава, го потврди голот на играчот на натпреварот Стрелец во 55-та минута. Напаѓачот на Слован постигна спектакуларен гол за 2:0.

На арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, Полска освои вреден бод со нерешен резултат 1:1 (1:0).

„Лалињата“ поведоа во 28-та минута и се чинеше дека ќе забележат рутинска победа.

Сепак, Полјаците не се предадоа и успеаја во 80-та минута преку левиот бек Метју Кеш да стигнат до 1:1, а потоа и да одолеат на сите напади на фаворизираниот домаќин во самиот финиш.

Бугарите немаат толку среќа, а не се ниту квалитетни, па беа убедливо поразени од актуелниот европски шампион, шпанската репрезентација, во Софија со резултат 3:0 (3:0).

„Фуријата“ реши сè во првото полувреме, поточно, до 38-та минута, кога ги постигнаа сите голови.

Веќе во 5-та минута, Ојазрабал го постигна првиот гол, на истекот на 30-та минута, Кукуреља го дуплираше водството, а во 38-та минута, Мерино го постави конечниот резултат.

Белгија беше најубедлива вечерва, во Ј групата , во која е и Македонија, со 6:0 (1:0) го победи Лихтенштајн.

Де Кајпер го постигна првиот гол во 29-та минута, а потоа во вториот дел, два пати погоди Тилеманс, односно Теате во 60, Де Брујне и Фофана.

Foto/ EPA

Scroll to Top