Top Sport

(ВИДЕО) Струга ТЛ го елиминира Есперанж и ќе игра плеј-оф за групна фаза во Конференциската лига

Македонскиот првак Струга Трим Лум го елиминира Есперанж од Луксембург и се пласира во плеј-офот за групна фаза во Конференциската лига каде ќе се сретне со Брејдаблик од Исланд. Тимот на Шпетим Дуро вечерва во Луксембург загуби со 2:1, но ја сочува предноста (1:3) од првиот меч во Скопје.

Марјан Радески во 15.минута доби црвен картон, Струга ТЛ остана со играч помалку, но и тоа не беше пречка за стружани да поведат само две минути подоцна.

Бесарт Ибраими во 17.минута со удар со глава успеа да ја затресе противничката мрежа и уште повеќе ја зголеми позитивата од Скопје.

Есперанж во второто полувреме тргна на сѐ или ништо и успеа да стигне до израмнување. Во 70.минута Густаво постигна израмнувачки погодок, а Ладо Акалаја во судиското продолжение се погрижи за пресврт и 2:1. Сепак. Струга ТЛ имаше уште еден гол предност од првиот меч во Скопје.

Струга Трим Лум постигна уште еден историски резултат и се наоѓа на чекор до пласман во групите од Конференциската лига на УЕФА.

 

Scroll to Top