Top Sport

(Видео) Судијата јавно ја објасни својата одлука

Во португалскиот шампионат први покренаа иницијатива, судијата својата одлука да им ја соопшти на сите присутни на стадионот, но и на ТВ-гледачите.

По примерот на НФЛ и НБА, каде судиите преку микрофон ја објаснуваат секоја одлука, казна и видео-проверка, прва пат ваква сцена е забележана и на фудбалски натпревар.

Фабио Верисимо, главниот судија на натпреварот помеѓу Рио Аве и Брага (0:0) во 25. коло во португалскиот шампионат, влезе во фудбалската историја.

Во 64. минута гостите постигнаа гол кој беше поништен од судијата со помош на ВАР технологијата, бидејќи претходно беше офсајд.

Потоа Верисимо го вклучи микрофонот и објасни зошто голот е поништен.

Тоа е идеја која речиси сигурно започне да се применува и во останатите европски земји, зареди поголема транспарентност при носењето одлуки.

Внатрешните дискусии меѓу судиите во ВАР просторијата и оние на теренот, се разбира, ќе останат доверливи.

Scroll to Top