Top Sport

(Видео) Судијата означи крај додека топката одеше кон голот

Скандалозна судиска одлука може да го исфрли Ваљадолид од Примера. Шпанците се шокирани од она што го направи, Ортиз Аријас, кој го судеше натпреварот Ваљадолид-Севилја (0:3).

Аријас, надополни четири минути во првото полувреме. Во тој период играчите на Ваљадолид изведоа корнер, играч на Севилја ја исфрли топката, на која налета Ескудеро, во моментот кога тој шутираше судијата означи крај, а топката заврши во голот на Севилја.

Во тој момент резултатот беше 0:0. Во вториот дел Севилја постигна три гола.

Ваљадолид на табелата се наоѓа на 17.место со бод повеќе од Хетафе и четири бода повеќе од Еспањол, екипи кои се на 18. и 19.место.

Scroll to Top