Top Sport

Гран Канарија нема да игра во Евролига?

Гран Канарија ја освои титулата во Еврокупот и со тоа стекна право наредната сезона да се натпреварува во Евролигата. Сепак, клубот од Канарските острови сериозно размислува да не игра во Евролигата следната сезона, пренесуваат неколку странски медиуми.

Според овие извори причините се финансиски, логистички и натпреварувачки – 34 натпревари со најдобрите ривали, плус напорен распоред на патувања.

Последен пат Гранка играше во Евролигата во сезоната 2018/2019, кога заврши со осум победи и 22 порази. Таа сезона во домашното првенство, АЦБ лига, не успеа да се пласира во плеј-офот и заврши на 12. место.

Сепак, клубот се уште не се изјаснил официјално, одлуката допрва ќе биде донесена. Конечниот список на учесници за следната сезона во Евролигата ќе биде потврден во јули.

Валенсија наводно е фаворит за пополнување на испразнетото место доколку Гран Канарија се повлече.

Scroll to Top