Натпреварот од првото коло од групната фаза на Конференциската лига меѓу Генк и Фиорентина заврши со резултат 2:2.
Сепак, многу поголемо внимание предизвикаа судирите меѓу навивачите на двата клуба на еден час пред почетокот на натпреварот на улиците на белгискиот град.
Како што пренесуваат белгиските медиуми, навивачите на Генк нападнале автобус со италијански навивачи кои потоа излегле на улица и се судриле со Белгијците.
„Околу сто италијански навивачи беа уапсени и го пропуштија натпреварот поради тоа“, изјави портпаролот на Генк, Ибен Семпелс.
Foto/EPA
21.09.2023, Genk🇧🇪 attacked bus Fiorentina🇮🇹
Info Fiorentina: We attacked Genk https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/LSDt1j0fa2— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 21, 2023