Top Sport

(Видео) Тепачка во свечената ложа на стадионот на Еспањол

Фудбалерите на Бетис го победија Еспањол со 2:1 на гости пред три дена, и со три нови освоени бода, го зазедоа четвртото место на табелата. Видео од тепачката во ложата на стадионот се шири на социјалните мрежи. Поранешниот претседател на Еспањол, Жоан Колет ја започнал тепачката.

Според извештаите од Шпанија, инцидентот во ложата се случил откако гостинските навивачи започнале со провокации по последниот свиреж на судијата.

Неколку навивачи на Бетис во свечената ложа почнале да се однесуваат провокативно, што довело до конфликт со навивачите на Еспањол.

Колет, кој беше претседател на клубот помеѓу 2012 и 2016 година, првично се обиде да ја смири ситуацијата, пред самиот да се вклучи во тепачката и наводно да се повреди. На Еспањол му беше дадена шанса да спаси длабоко во судиското продолжение кога им беше досуден пенал во 97-та минута по прегледот на ВАР.

Капетанот Хави Пуадо не успеа да постигне гол, бидејќи неговиот удар беше одбранет од голманот на Бетис и поранешен играч на Еспањол, Пау Лопез. Тензијата дополнително се зголеми со провокативните гестови на Лопез кон домашните навивачи.

Scroll to Top