Top Sport

(Видео) Тешка повреда на помладиот син на Диего Симеоне

Помладиот син на тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, Џулијано, доживеа тешка повреда, поради која оваа сезона за него е завршена.

Џулијано Симеоне оваа сезона требаше да се докаже во екипата на Алавес. Тој во редовите на повратникот во Ла Лига пристигна на позајмица.

20. годишникот доживеа тешка повреда на пријателскиот натпревар против Бургос. Во 86. минута, играчот на Бургос, Хосе Матос, со груб старт му ја скрши ногата на младиот фудбалер.

За овој непотребен брутален старт, главниот судија на Матос му покажа само жолт картон.

Брзата помош веднаш реагираше. Младиот Симеоне беше однесен во болница на операција и оваа сезона за него е завршена.

Scroll to Top