Top Sport

(ВИДЕО) Нова магија на Меси за Интер Мајами

Интер Мајами се пласираше во четвртфиналето на Лига купот, натпреварување во кое за трофејот се борат екипи од МЛС и од мексиканското првенство. Повторно херој на Интер беше фантастичниот Лионел Меси, а Интер помина понатаму по подобро изведување на пенали, откако мечот против Далас по 90 минути заврши 4:4.

Интер поведе со прекрасниот гол на Меси во шестата минута на асистенција на Жорди Алба, а потоа следуваше пресврт.

Кињон во 37. и Камунго во 45. минута погодија за Далас, а Веласко во 63. зголеми на 3:1. Со голот на Кремаски во 65. минута, Интер намали на 3:2, а се чинеше дека Интер ќе биде елиминиран по автоголот на Тејлор во 68. минута, со кој Далас замина на 4:2.

Сепак, со автогол на Фарфан во 80. минута Интер дојде до 4:3, а потоа се појави брилијантниот Аргентинец. Во 85. минута Меси прекрасно погоди од слободен удар за 4:4 и му даде шанса на својот тим да победи преку пеналите.

 

Scroll to Top