Фудбалерите на Ливерпул го победија Фулам со 2:0 во 32-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул ја прекина серијата од три порази во сите натпреварувања и направи важен чекор кон квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона.
„Црвените“ сега имаат четири бода и натпревар повеќе од петтопласираниот Челзи, и се два бода зад Астон Вила и три зад Манчестер Јунајтед.
Прашањето за победникот беше решено во првото полувреме, односно за само четири минути.
Младиот Рио Нгумоа го постигна првиот гол на натпреварот во 36-та минута, а потоа Мо Салах во 40-та го постигна вториот гол.
Фулам нападна во второто полувреме, веројатно заслужи гол, но на крајот мрежата на Мамардашвили остана недопрена.
Foto/ EPA
