Top Sport

(Видео) Тотенхем го освои „Еланд Роуд“

Фудбалерите на Тотенхем со победа на „Еланд Роуд“, ја отворија денешната програма од седмото коло во Премиер лигата. Спарс славеа против домаќинот Лидс со 2:1. Тотенхем со четвртата победа во сезоната, привремено скокна на второто место со 14 поени.

Тотенхем поведе на „Еланд Роуд“ со прекрасниот гол на Матис Тел во 23-та минута. За младиот напаѓач ова е прв гол сезонава во Премиер лигата.

До паузата, Ноа Окафор, по шутот на Бренден Аронсон во 34-та минута, налета на одбиената топка и го израмни резултатот.

Првиот пораз за Лидс по 20 последователни натпревари на домашен терен, од кои повеќето беа во Чемпионшип, му го нанесе Мохамед Кудус.

Тој погоди шут со левата нога во 57-та минута, на големо задоволство на гостите од Лондон.

Лидс продолжи да брка барем бод, се закануваа во неколку наврати, а најблиску до гол беше Жоел Пиро во судиското продолжение, сепак, Гилермо Викарио беше на висина на задачата.

Екипата на Даниел Фарке остана на 12-то место на табелата со осум бода.

Scroll to Top