Тотенхем ја продлабочи кризата на Манчестер сити. Вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Тотенхем со 4:0 го декласира актуелниот шампион. Сити го забележа петтиот последовен пораз во сите натпреварувања.
Иако Сити тргна поагресивно, а Ерлинг Халанд не успеа да го совлада Гиљермо Викарио кога се најде сам пред него, Тотенхем беше тој што дојде во водство. Се играше во 13. минута кога Дејан Кулушевски му асистираше на Џејмс Медисон кој ја затресе мрежата.
Ниту навивачите, ниту играчите на Сити се уште не се опоравија шокот, а Едерсон уште еднаш мораше да ја вади топката од голот.
Само седум минути му беа потребни на Тотенхем уште еднаш да ја затресе мрежата на домаќините. Овој пат во улога на асистент беше Хјеон-Мин Сон, а Медисон повторно беше стрелец.
Како одговор на уште едно промашување на Халанд, стигна обидот на Доминик Соланке, но Едерсон беше внимателен и направи фантастичен одбрани.
Спарс не беа задоволни од она што го направија во првите 45 минути. Веќе во 53. минута Сити повторно тргна од центарот.
Брилијантна контра започна Колушевски, мина тројца играчи на Сити, одигра двојно со Сон, па го проигра Соланке, кој ја врати топката на 10 метри за Педро Поро кој погоди за 0:3.
Сити имаше обиди и тоа добри преку Халанд и Гундоган но Викарио остана несовладан.
Тимо Вернер само три минути по влегувањето во игра му ја сервираше топката на Бренан Џонсон кој го постави конечниот резултат во 93.минута.
Ова е петтио пораз по ред за Манчестер сити. Лошата серија започна против Тотенхем во Лига купот (2:1) на 30 октомври. Следуваше пораз од Борнмут во Премиер лигата (2:1), потоа од Спортинг во Лигата на шампионите (4:1), а потоа и пораз од Брајтон во Премиер лигата пред репрезентативната пауза (2:1). Петтиот пораз, трет во Премиер лигата е од Тотенхем.
Пеп Гвардиола никогаш не загубил пет последователни натпревари во својата тренерска кариера.